Поранешната тенисерка Марија Шарапова неодамна се огласи преку Инстаграм од посебна причина.
Имено објави фотографија од нејзиниот син Теодор, кој го прославил својот трет роденден.
Како што може да се види, петкратната победничка на Гренд слем гордо позирала со својот наследник, а насмевката на нејзиното лице беше особено забележлива.
„Вистина е. Поминува толку брзо“, напиша Шарапова, алудирајќи на тоа дека „времето лета“.
Потсетуваме Марија стана мајка за прв пат во јули 2022 година, кога таа и нејзиниот свршеник Александар Гилкс го добија синот Теодор.
Иако повремено објавува фотографии од својот син, поранешната тенисерка не крие колку нејзината улога како мајка ѝ го сменила животот, како и нејзиното „работно време“.
„Иако е тоа работа со полно работно време, особено ме исполнува да гледам како се развива ова мало човече“, рекла еднаш шармантната Русинка.