Samsung го претстави првиот модуларен телевизор на светот со дијагонала од 3,7 метри

Точка

10/01/2018

12:11

1.646

Големина на фонт

а а а

Филмофилите наскоро ќе имаат можност да нарачат модуларен телевизор, направен по мерка на собата. Компанијата Samsung во Лас Вегас го прикажа моделот со дијагонала од 3,7 метри, но не кажа колку ќе чини.

The Wall е “ѕвер од телевизор” со дијагонала од 3,7 метри, а корејскиот гигант наведува дека овој 4К уред е првиот модуларен телевизор на светот. 

За прикажување на сликата, екранот користи MicroLED технологија која е слична на OLED т.е. секој пиксел емитува сопствено светло и не му е потребно дополнително позадинско осветлување.

Токму поради тоа, телевизорот има богати бои и длабока црна боја каква што се забележува на скапите OLED телевизори.


Бидејќи околу екранот нема рамка, тоа овозможува прилагодување на големината според сопствените потреби, но Samsung не ги откри деталите како ќе функционира тоа во пракса.

Се наведува дека купувачите би можеле да имаат телевизори со големина на целиот ѕид кој во иднина би можел да се прошири. Исто така не откриле од колку модули е составен овој “ѕвер” кој беше прикажан на “CES” во Лас Вегас. 


Телевизорот би требало официјално да биде лансиран напролет, а тогаш ќе ја дознаеме и неговата веројатно астрономска цена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk