Ким Кардашијан и Луис Хамилтон на Инстаграм ја потврдија својата врска. Формула 1 возачот во понеделник (6 април) објави снимка на која со ријалити ѕвездата се вози во своето Ферари, а на крајот од снимката може да се види како таа од совозачкото место возбудено го коментира возењето.
Хамилтон (41) и Кардашијан (45) биле снимени за време на брзото возење на паркингот Даикоко во Токио, а на снимката се гледа Хамилтон како „дрифта“ со своето црвено Ферари Ф40.
На самиот крај од снимката, камерата се доближува до Кардашијан која седела на совозачкото место. Облечена во бела ролка, мајката на четири деца по возбудливото возење кратко рекла: „Ова е лудо“.

Кон крајот на март, извор за „People“ потврдил дека Кардашијан и Хамилтон заедно престојувале во Токио, а со неа биле и нејзините помлади деца 10-годишниот Сент, 9-годишната Чикаго и 6-годишниот Псалм, кои ги доби со поранешниот сопруг Канје Вест.
Според истиот извор, на патувањето им се придружила и сестрата на Ким, Клои Кардашијан, со нејзините деца, 7-годишната Тру и 3-годишниот Тејтум. Друг извор во изјава за „People“ го опишал Хамилтон како „опуштен тип со прекрасна енергија“, додавајќи дека „семејството на ријалити ѕвездата го обожава“.

„Ким навистина се загреа за него. Двајцата се зафатени со своите кариери, но се гледаат што е можно почесто. Тоа е повеќе од само авантура. Потребно е многу за да се задржи вниманието на Ким, а тој дефинитивно ја заинтригирал“, истакнал изворот.
Гласините за нивната романса се засилија во март, кога Хамилтон остави кокетен коментар на објавата на Ким на Инстаграм.

Имено таа сподели фотографии од забавата по повод доделувањето на наградите Оскар на 16 март, а Формула 1 возачот одговори на нејзините фотографии со едноставно емоџи: „😍“.