Се појави првата фотографија од лимузинската изведба на „А Класа“ на Мерцедес

Точка

24/04/2018

16:44

3.936

Големина на фонт

а а а

Светската премиера на компактниот модел на Мерцедес, но овој пат во седан верзија е предвидена за оваа седмица и тоа на предстојниот Саем за автомобили во Пекинг.

Една фотографија од седанот се појави на интернет, а таа го прикажува предниот и страничниот дел од автомобилот. Иако не е потврдена веродостојноста на фотографијата, сите дизајнерски детали кои што ги открија шпионските фотографи за време на тестирањето на прототипот, одговараат на фотографијата подолу.

Според досега познатите информации, речиси сигурно е дека седанската верзија ќе го наследи истиот ентериер од хечбек моделот, вклучувајќи го и целосно дигиталната инструмент табла и инфотејнмент системот.


Исто така, бројни системи за асистенција на возачот ќе бидат превземени од „поголемите“ модели на Мерцедес.

Седанската верзија на „А Класа“ ќе биде конкурент и на уште еден модел развиен од Мерцедес, се разбира, се мисли на "CLA" моделот кој што треба да биде рестилизиран во текот на идната година.


Сепак, во однос на "CLA", новата седанска верзија на „А Класа“ ќе биде попрактична, односно ќе понуди повеќе корисен простор, а "CLA" повеќе ќе промовира спортски изглед и перформанси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг