Верстапен: Фановите не ги интересираат компоненти

КРУГ.МК

25/04/2018

18:12

1.039

Големина на фонт

а а а

Формула 1 фановите не ги интересираат кои компоненти ги користи еден возач, според мислењето на Макс Верстапен, кој смета дека системот треба да се поедностави.

Моменталниот снабдувач Пирели, нуди 7 компоненти од пневматиците за сува подлога. Од тие, само 3 се избираат за секоја трка.

Верстапен смета дека Пирели треба да ги отстранат различните наслови и едноставно да номинираат еден пневматик како софт и еден како хард компонента, со цел да се поедноставни ситуацијата за фановите.

„Би сакал да видам мека и тврда компонента на трката. На крајот, луѓето немора да знаат дали е ултрасофт или суперсофт

Кога сте на патеката и користите ултрасофт и софт, тогаш ултрасофт може да биде софт 1, додека софт компонентата, софт 2. Мислам дека луѓето не ги интересира колку е мек еден пневматик“, изјави Верстапен.

Формула 1 користеше едноставен систем со примарна компонента, како и опција, но премина кон новиот систем откако Пирели се приклучи на спортот како едиствен снабдувач. Верстапен исто така искоментира околу моменталната ситуација со претекнување и вели дека според него, претекнувањата биле почести и подобри пред воведување на пошироки пневматици и пониски задни крила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг