Третата сезона од серијата „Почудни нешта” ќе биде пократка

Точка

25/04/2018

18:51

2.503

Големина на фонт

а а а

Фанови на серијата „Почудни нешта” (Stranger Things), имаме неверојатни, а и не толку добри вести за вас.

Прво, продуцентот и режисер на серијата Шон Леви потврди дека третата сезона на познатата серија на Нетфликс започна да се снима на 23 април.


Што значи додека ви го пренесуваме ова, Единаесет, Мајк, Стив, Дастин и целата банда снимаат. Но без Барб, нели.

Но, тој, исто така, откри дека третата сезона ќе биде пократка од претходните две, што е малку разочарувачки.
Зборувајќи со „Collider” за тоа кој би можел да го режира кое поглавје, тој објасни: „Има осум епизоди, што значи дека има ограничен број на слободни режисерски места.”


49 годишниот продуцент, исто така, откри дека, додека првиот дел од сценаријата е предаден, браќата Дафер, Мет и Рос, го пишуваат остатокот како што се снима - што значи, никој не знае дали Барб ќе се врати.

Да, знаеме дека има мала речиси непостоечка можност за тоа, но оставете нè да се надеваме!


И, иако сезона три не е потполно напишана, снимена или објавена, тој призна дека четвртата сезона дефинитивно ќе се случи.

"Мислам, ќе кажам дека знаеме до негде што ќе се случува во четвртата сезона", додаде тој. "Сезона четири дефинитивно ќе се случи. А има голема можност и за уште една сезона после таа, што во моментов е несигурно.


Кај чекаме две години за сезона, па уште и ја скратиле на осум епизоди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг