Погребот на кралот Чарлс главна тема во кралството: Монархот сѐ уште не закрепнал, се шпекулира дека состојбата му е сѐ полоша и дека тоа го кријат од јавноста

Точка

26/04/2024

22:02

15.290

Големина на фонт

а а а

Здравствената состојба на кралот Чарлс Трети, којшто претходно годинава потврди дека се бори со канцер, продолжува да ја загрижува палатата.

Сепак, тој ја напуштил болницата и моментално одмара, но и натаму не е познато со кој вид на опасен канцер се бори.

„Разговарајќи за здравјето на кралот Чарлс, најчесто одговорот гласи: Не е добро“, изјавил во четвртокот Том Сајкс.


Како што пренесуваат британските медиуми, блиските пријатели на монархот потврдиле дека Чарлс е одлучен во намерата да го победи канцерот.

„Сите се оптимисти, но нему навистина му е многу лошо. Повеќе од што сакаат да признаат“, истакнал Сајкс.

Потенцијалниот погреб и натаму е тема број еден во кралството

Исто така Сајкс додал дека моментално големо внимание привлекува и Операцијата „Menai Bridge“, што е шифрирано име за плановите за кралскиот погреб.

Ова е вообичаена процедура, а подразбира и посебен документ во којшто се наведува што поминало добро, а што би можело да се унапреди во споредба со погребот на кралицата Елизабета Втора, а сѐ со цел подобрување на протоколот во случај на смрт на кралот Чарлс, пренесува „Page Six“.


„Од плановите е „тргната прашината“ и активно се ажурираат“, изјавил поранешен работник во палатата за плановите во врска со погребот.

Кејт и Вилијам не знаат кога ќе дојде до моментот тој да ја преземе улогата на владeтел

Тина Браун, новинарка која известува за кралското семејство, спомнала колку неговата состојба е лоша, пишувајќи дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се во застрашувачка позиција, не знаејќи кога ќе дојде до моментот тој да ја преземе главната улога.


Имено, баш кога сите се надевале дека своите деца ќе може да ги одгледуваат подалеку од очите на јавноста, а особено поради дијагнозата на Кејт, здравствените компликации на Чарлс им ги нарушиле плановите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг