Самсунг се подготвува за големи промени на најмоќните модели на своите паметни телефони...

Точка

19/09/2018

18:42

3.218

Големина на фонт

а а а

Шефот на одделот на Самсунг за паметни телефони, најави големи промени во дизајнот на 10-та генерација на “Galaxy” паметниот телефон, но не откри за какви промени станува збор.

Откако во последните неколку години не видовме практично и никакви револуционерни новитети во поглед на дизајнот на телефоните од “Galaxy S” серијата, според најавите „десетката“ нема да биде слична на своите претходници.

Имено, за време на состанокот со новинарите во Кина, шефот на мобилниот оддел при Самсунг, Диџеј Кох најави големи промени во дизајнот на новиот “Galaxy S10” телефон кој ќе биде претставен идната година.


За деталите не сакаше да зборува, иако спомена дека ќе има повеќе бои на куќиштето, па ќе биде интересно да се види за какви дизајнерски иновации ќе се одлучат во јужнокорејската компанија.

Сега се поставува прашањето дали и Самсунг ќе тргне по патот кој што го отвори Apple со „забот“ на горниот дел од екранот, потоа дали сензорот за отпечатоци на прсти ќе биде интегриран по самиот екран, дали ќе има скриена pop-up камера за селфи, или пак ќе има некакво друго изненадување какво што не сме виделе досега.


Тоа што може да се очекува е дека како кај секоја најнова генерација, така и новиот “Galaxy S10” ќе биде опремен со најновиот и најмоќен хардвер, односно ќе добие Snapdragon 855 процесор, 6 или 8 GB RAM, поголема количина на интерна меморија, уште подобри камери и слични унапредени новитети какои претходните години.

Што се однесува до останатите гласини, наводно десетата генерација на “Galaxy” би можела да пристигне во три верзии со различни големини на екран и квалитет на камерите, а најголемиот и најскап модел на задната страна би можел да има три камери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг