[ФОТО] Конечно откриена тајната на најмистериозната слика – Мона Лиза

Точка

18/06/2025

14:46

960

Големина на фонт

а а а

Oвој интересен факт го откриле експертите во текот на деталното рендгенско и инфрацрвено скенирање на сликата.

Една од најпознатите и најтаинствените слики во историјата на уметноста е Мона Лиза на Леонардо да Винчи, која отсекогаш фасцинирала милиони луѓе ширум светот.

Меѓутоа, експертите откриле дека познатиот портрет некогаш имал детали кои денес речиси и да не можеме да ги видиме – Мона Лиза првобитно имала веѓи и трепки.

Овој интересен факт го откриле експертите во текот на деталното рендгенско и инфрацрвено скенирање на сликата кое било изведено во рамките на проектот на реставрација и зачувување на ова ремек-дело.

Анализите покажале дека веѓите и трепките на сликата избледеле или дека можеби биле отстранети во текот на бројните интервенции на сликата во последните неколку векови.

Историски извори и обичаи на тоа време укажуваат дека било вообичаено жените, особено оние од повисоките слоеви, да имаат поретки веѓи и нагласени трепки, што дополнително потврдува дека Леонардо веројатно ја насликал Мона Лиза токму така.

Мона Лиза, портретот од Лиза Герардини, сопругата на флорентински трговец, првпат бил прикажан во јавноста на почеток на 16 век и од тогаш останал предмет на бројни анализи и шпекулации, не само поради нејзината мистериозна насмевка туку и поради уметничката техника која Леонардо ја користел.

Откритието дека Мона Лиза некогаш имала веѓи и трепки помага во подоброто разбирање дека некои од современите видувања на сликите се всушност резултат на промената која настанала во текот на вековите, како влијание на светлината, реставрирањето или природното стареење на бојата.