Ѝ велеле дека е грда и дека не можат да ја гледаат, а денес мажите полудуваат по неа

Точка

19/11/2018

18:25

14.325

Големина на фонт

а а а

24-годишната Селин Сентино од Швајцарија потрошила повеќе од 38 илјади фунти на пластични операции, за целосно да го промени личниот опис.

Оваа млада дама се одлучила на ваков потег по повеќегодишното малтретирање во тинејџерскиот период, кога врсниците ѝ се потсмевале на секој чекор. 

Селин, која денес е вистинска Инстаграм ѕвезда и по која воздивнуваат илјадници мажи, некогаш била ужасно несреќна поради својот изглед и секојдневно се соочувала со коментари дека е "грда". Сентино раскажала дека малтретирањата оделе дотаму што таа често се преправала дека е болна само за да не оди на училиште.

"Ме мачеа секој ден, секој пат поради нешто различно. Или ми зборуваа дека изгледам како момче бидејќи немав гради или дека имам преголем задник. Децата ми зборуваа дека лицето ми изгледа како ѓубре и дека стилот на облекување ми е грд. Ме задеваа, ме навредуваа и ме игнорираа. Никогаш не ми дадоа прилика да покажам која сум, ја гледаа само "грдата" Селин", се присетила таа.

Сето тоа ја навело да почне да штеди пари за пластични операции, а денес тврди дека тие ѝ помогнале таа повторно да се чувствува добро во својата кожа.

Во рок од четири години, Сентино три пати ги оперирала градите, но и носот, и вбризгала филери во образите, брадата и усните.

"Отсекогаш сум сакала да имам големи гради. Да водам нормален живот без осудувања и критики ... Заштедив многу пари додека бев млада. Ги потрошив сите пари на операции, а сега сум полна со самодоверба и се чувствувам генијално. Посилна сум од некогаш. Доколку некој ме навреди, не е веќе важно. Повеќе никој не може да ме повреди", објаснила оваа 24-годишна девојка.

Таа денес е интернет сензација - на Инстаграм ја следат околу 43 илјади луѓе, додека на Фејсбук таа бројка изнесува речиси половина милион следбеници.

"Некои луѓе велат дека изгледам добро, а некои дека сум пластична, но коментарите се повеќе позитивни отколку негативни. Мажите полудуваат по мене. Кога денес би налетала на соучениците кои ме малтретираа, само би ги игнорирала - тие никогаш не ми дадоа прилика, затоа не го заслужуваат моето време".




Спонзорирани линкови

Маркетинг