Небојша Толески: Зимски моден тренд

Точка

29/11/2018

11:02

3.622

Големина на фонт

а а а

Иако можеби со некое парче плус на вас и во зимскиот период можете да изгледате привлечно, ако добро ја искомбинирате облеката на себе. Особено ако ги додадеме оние зимски модни додатоци и тоа како можете да бидете тренди.

Но, пред се треба убаво да се чувствувате во облеката на себе, да бидете стоплени и свои. Секој период од годината го следи нов или старо-нов тренд и секоја зима исто. Овојпат со неколку модни совети во изборот на облека ќе ви помогне модниот дизајнер и новинар Небојша Толески се со цел да бидете во чекор со модниот тренд оваа зима. 


Колку ние како народ сме во чекор со модата со оглед на нашиот стандард?

Небојша Толески: Општо познато е дека трендовите кај нас доцнат за една до две години. Но, со помош на социјалните мрежи, посебно „Инстаграм“, имаме можност пратејќи ги познатите трендсетери да ги употребиме нивните трендовски идеи.


Кои бои ќе доминират оваа зима?

Небојша Толески: Освен сребрената, во игра се розовата, виолетовата и сината боја, како и црвената боја. Не е изоставена ни белата боја која одлично се вклопува во зимските денови. Изборот на комбинации е бескраен, но секоја боја не стои на секого. Затоа кога ќе се погледнете во огледало запрашајте се дали токму тој кариран капут е за вас?


Како да бидеме и модерни и стоплени?

Небојша Толески: Скоро секоја зима изборот на материјали е скоро ист. Преовладуваат топли и материјали со текстура. Пепито дезенот е секогаш актуелен, но оваа сезона главниот акцент е ставен на материјали со животински и карирани дезени- барем кај нас. На запад нешто посмирени се дезените на материјалите.


Колку допринесуваат модните додатоци за комплетниот аутфит?

Небојша Толески: За комплетен изглед секогаш се тука модните додатоци. Но и зо нив не смее да се претера посебно во зима, кога се по масивни и можат да направат да изглеате подебели отколку што сте. Плетените шалови со фино исплетен конец можат да бидат добредојдено исто како и големите шапки. Деталите од вештачко крзно создаваат гламурозен впечаток, па би било убаво да ги вметните во вашиот изглед.


(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг