13 години постоење на маркетинг агенцијата „My Marketing“ - Разговор со директорот Милан Глишиќ

Точка

04/04/2024

13:27

9.639

Големина на фонт

а а а

Одбележувањето на тринаесетгодишнина од постоењето на една компанија е големо достигнување само по себе, разговаравме со Милан Глишиќ, директор на маркетинг агенцијата My Marketing Скопје, за она што значи одбележување на повеќе од една деценија во оваа индустрија, причината за создавање на маркетинг агенција и претприемaчкиот дуx.

Kои беа причините за да започнете една ваква претприемачка приказна?

My Marketing започна да функционира во 2011 година, постојано ме влечеше динамиката која е неминовна во маркетинг индустријата, она што од старт започна со најразлични промоции и настани насекаде низ државата, кои во текот на овие 13 години прерасна во сериозна маркетинг агенција која ги нуди буквално сите маркетинг услуги и која работ иза скоро сите најголеми компании во Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија и пошироко…

Очигледната потреба за маркетинг агенции на пазарот која во тој период постоеше во Македонија, идејата дека можам да поставам една целосна организација, активниот начин на функционирање, адреналинот, луѓето, креативноста се дефинитивно причината и желбата за создавање на My Marketing, секако неизоставен дел во овој подвиг беше моето активно лично 22 годишно искуство како дел од маркетинг индустријата.


Какво е 13 годишното искуство да управувате и работите во маркетинг агенција?

Искуството е позитивно, секоја нова кампања е креирана со ист позитивен пристап и интензитет како првиот пат, можноста постојано да запознавате луѓе кои амбициозно сакаат да ја пласираат својата услуга или производ индиректно надоградуваат, покрај сите успешно завршени обврски за нашите клиенти всушност – ние се повеќе се подобруваме како агенција, секојдневното разменување на идеи, полемики, организација со вработените е неизоставен елемент. Маркетингот е филозофија на работење или менаџмент ориентација која за во фокусот на вниманието да го постави задоволството на потрошувачите треба да комбинира многу традиционални вредности и современи пристапи за активноста да биде успешна, ова воопшто не е едноставен процес но всушност тоа е и поентата или причината зошто сметам дека искуството е позитивно. Професионалното искуство е засновано на многу практично работење на секојдневни понекогаш и непредвидливи ситуации, кампањи, настани, стратегии и сл…. но ова не значи дека секогаш е едноставно и лесно за функционирање.

На кој начин го одржувате и усовршувате ова 13 годишно темпо во маркетинг индустријата?

Кога веќе работите или уште покомплицирано и управувате со нешто што е жива материја мора постојано да сте во тек со сите светски трендови почнувајќи од технички маркетинг алатки па се до познавање на нови насоки во дизајн, уметност. Сепак комуникацијата и креативноста се основните елементи што постојано треба да ги надоградувате и усовршувате доколку сакате прогрес. Умешноста да ги адаптирате истите на овој пазар, е тоа веќе е искуство…


Кои се My Marketig плановите за во иднина?

Дефинитивно тоа би било постојано надоградување, без разлика дали е од технички или човечки ресурс, кога обрнувате доволно внимание и на најситните детали нештата завршуваат со успех, она што започнало со обично означување, скицирање довело до тоа денес My Marketing да работи на доста битни и големи проекти. Сите нови случувања во маркетинг индустрија особено во Covid периодот создадоа побарувачка за нови видови на маркетинг и рекламирање, би ги следеле трендовите а тоа е постојано дигитализирање, веруваме дека иднината ќе биде со фокус на дигитализација и дигиталните услуги



Спонзорирани линкови

Маркетинг