Американците застанале во одбрана на "Југото": Сепак не е најлош автомобил во историјата

Точка

04/12/2018

15:12

8.610

Големина на фонт

а а а

Некогашната гордост на југословенската автомобилска индустрија, на Запад често (не)праведно бил окарактеризиран како најлош, или еден од најлошите автомобили на сите времиња, но дали е навистина така?

За лично и без предрасуди да се уверат во карактеристиките на Југото, новинарите на американскиот автомобилски сајт "Јалопник" тестирале еден примерок од овој модел, кој им го отстапил нивен колега. 

Тие се обиделе што пообјективно да го оценат автомобилот, и покрај негативната репутација која Југото ја има во американската јавност. Истакнале некои од неговите позитивни страни - како дизајнот и искористеноста на просторот во кабината, додека замерките оделе на сметка на лошите материја и завршната обработка.

Како уште еден важен детаљ во врска со лошиот имиџ кој Југото го има во Америка, новинарот на "Јалопник" истакнува дека сопствениците на овој автомобил, поради неговата ниска цена во главно не воделе доволно сметка за своето возило и често го запуштале, бидејќи го сметале за безвредно.

Возилото кое го тестирале американските новинари е старо повеќе од 3 децении.

Кога се ќе се собере и одземе, заклучокот е дека Југото не бил којзнае каков автомобил, но секако не бил ни најлош во историјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг