Елена Андоновска сними видео запис за песната „Мома седи на чардакот“

Точка

14/01/2019

18:55

3.474

Големина на фонт

а а а

Пејачката Елена Андоновска сними видео запис за песната „Мома седи на чардакот“ која е дел од нејзиниот нов музички проект насловен „Кој што ме чуе да пеам“.

Ова е втора песна од албумот која доби видео запис веднаш по „Босо моме“. Проектот содржи десет композиции кои се преработки на народни песни испеани од познатите македонски доајени.


Аранжманите ги изработи Александар Јовевски во модерен етно стил но со зауван афтентичен македонски мелос. Албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“ во музичка продукција на Ангел Ќосев. Видео записот се снимаше во ресторант Лира во соработка со продукција Арт студио.


Овој пат гости во видеото се и тимот на музичари со кои таа соработуваше на снимањата на нејзиниот албум, од кои најголем дел се нејзините колеги од групата Седенка во која таа од неодамна стана член. За прекрасниот изглед на Елена, се погрижија Pepika atelier, како и нејзините долгогодишни подржувачи beautybar.mk.




Спонзорирани линкови

Маркетинг