Кајли Џенер скршила јајце на улица како одговор на фотографијата која го собори рекордот на Инстаграм

Точка

14/01/2019

19:38

6.283

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер се огласи на социјалните мрежи откако фотографијата од јајце го собори досегашниот рекорд на најлајкуваната фотографија на Инстаграм, на која американската старлета беше сопственичка.

Џенер објави видео во кое крши и притоа го разлева јајцето на улица. 

"Прво мора да ја почувствувате земјата. Многу е топло", рекла Џенер и го скрши јајцето на улица со смеење.

Нејзиното кратко видео собра 15,1 милиони прегледи. Да се потсетиме, Џенер ја држеше лидерската позиција на Инстаграм со 18 милиони лајкови на фотографијата со ќерката Сторми.

Корисниците на Инстаграм притоа покренаа предизвик, односно фотографијата на популарната старлета да ја симнат од тронот и навистина успеаа. Фотографијата од обично јајце собра повеќе од 23 милиони лајкови и со тоа стана фотографијата со најмногу лајкови на Инстаграм. Меѓутоа, изгледа дека Џенер не се откажува од соборување на овој рекорд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг