Туре издвои еден играч од Премиер лигата: Тој ќе биде најдобриот на светот

Дерби

15/01/2019

21:30

2.081

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре не планира да и стави крај на неговата кариера, а додека трае потрагата во нов ангажман тој во своето гостување на емисијата „Monday Night Football“ на Скај Спортс говореше на повеќе теми, а притоа издвои и еден играч кој според него во блиска иднина може да биде најдобар на светот.

Вакво високо мислење африканецот има за Лирој Сане кој во оваа сезона има 7 голови и 8 асистенции за Сити по 20 одиграни кола во Премиер лигата.

-Ова дете ќе продолжи да напредува. Еден ден ќе биде најдобар, тоа е сигурно. Најдобриот од најдобрите затоа што ги има овие квалитети: тој е брз, има добра техника, тој е паметен и сака да учи, -истакна Јаја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг