Кањелас направи детална анализа на нашата игра и ја издвои најслабата точка во составот на Раул

Дерби

16/01/2019

11:21

1.682

Големина на фонт

а а а

Жоан Кањелас добро го познава македонскиот ракомет од своето време минато во Вардар, па сега како еден од репрезентатиците на шпанската ракометна репрезентација, одлучи да направи детална анализа за актуелниот состав на Македонија со кој „фуријата“ ќе ги одмери силите оваа вечер во 20:30 часот.

Искусниот Кањелас беше навистина исцрпен во својата анализа и ги издвои најсилните и најслабите страни во нашата игра, со тоа што посебен акцент стави на воведот од мечот кој според него може да биде клучен за понатамошниот развој.

– Македонците својата игра многу ја засноваат на конекцијата меѓу Лазаров и двајцата пивоти кои се корпулентни и кои знаат да заградат позиција. Поради тоа, ќе треба добро да ги предвидиме нивните додавања и да направиме да имаат сомнеж во своите пасови. Од моето искуство и од тоа што го знам, ако сме способни да ги исконтролираме нивните први неколку удари и успееме да пресечеме некоја топка на почетокот, тоа често знае да внесе несигурност во нивната игра во нападот, – порачува Кањелас кој додава дека наша најслаба точка е играта во одбрана.

– Иако досега на голот имаат добар одговор од расположениот голман, во одбраната не се силни како многу други тимови на овој турнир, – заклучува Кањелас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг