Бари ќе им плаќа да одат на работа со велосипед: Граѓаните ќе добиваат пари по километар, а еве и колку

Супермен

15/02/2019

17:29

1.576

Големина на фонт

а а а

Градот Бари е прв град во Италија која ќе им плаќа на граѓаните да доаѓаат на работа со велосипед.

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро, планира да “го удвои бројот на велосипеди во градот оваа година” и затоа ќе покрене пилот-проект кој ќе трае четири месеци. Во тој период, граѓаните ќе добиваат пари за возење на велосипед до работното место. 

Оние кои ќе доаѓаат на работа со велосипед или на училиште ќе добиваат по 20 центи по километар, односно ќе добиваат максимално 25 евра месечно за поминати 125 километри.

За овој проект можат да се пријават до 1000 граѓани на Бари. На нивните велосипеди ќе биде вграден уред за следење на километражата, врз основа на кое ќе се пресметува месечната исплата. За “обичните” неделовни возења со велосипед ќе им биде плаќано по 0,04 евра по километар.

“Со возењето на велосипед ќе заработувате пари, тоа нема да биде само добро по вашето здравје”, изјавил градоначалникот.

Исто така, градот ќе одвојува посебни средства за оние кои немаат велосипед со помош на кои тие ќе можат да набават вакво превозно средство и тоа важи и за вработените и за родителите, односно децата. Градот со 100 евра ќе помогне во купување на половен велосипед, 150 евра да се купи нов или 250 евра за набавка на електричен велосипед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk