„Ѓаволите“ прскаа лук на „Олд Трафорд“ против „црвените“ од Ливерпул

Макфакс

23/02/2019

11:32

2.043

Големина на фонт

а а а

Теренот на „Олд Трафорд“ во Манчестер се прска со лук. Ова не е магија на „ѓаволите“, туку тоа се правело за паразитите да не ја уништуваат тревата. Информациите од Англија се дека ваквото прскање се прави еднаш неделно.

Теренот на „Олд Трафорд“ се подготвува за утрешното дерби во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Информациите од Островот се дека миризбата од лукот по прскањето се чувствува дури на 600 метри од стадионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг