Меси го најави „Ел Класико“ дербито со Реал по неверојатната партија во Андалузија

Дерби

23/02/2019

20:09

1.897

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси уште еднаш ја воодушеви светската спортска јавност со својата партија која ја прикажа на едно од најжешките гостувања во Шпанија, откако ова попладне буквално сам успеа да ја „попари“ Севилја која имаше водство на полувремето.

Меси постигна три спектакуларни гола и фасцинантното попладне го заокружи со мајсторска асистенција по која беа поставени конечните 2:4 во Севилја, а со оглед на тоа што ова беше исклучително важна победа за Барселона во битката за шампионската титула во Примера, Аргентинецот даде своја изјава по натпреварот.

– Многумина ќе кажат дека оваа победа значи „пола титула“. Но, има уште многу натпревари во Ла Лига, иако беше многу важно да победиме денес и да останеме на дистанца од ривалите. Сега ни претстојат многу тешки натпревари, помина времето кога лесно се добиваа мечеви во Примера. Севилја многу ни ги отежни работите, но за среќа успеавме да направиме пресврт и да освоиме големи три бода, – порача Меси веднаш по натпреварот, по што реши да го најави и големото „Ел Класико“ дерби кое следи во полуфиналето на Копа дел Реј.

– Не отфрламе ниту едно натпреварување. Сега сме на чекор од пласман во финалето на Купот. Не чека многу тежок меч, играме против Реал на негов терен. Ќе одиме на победа и убедени сме дека можеме да го направиме тоа. После тој меч, ќе мислиме на оној во Ла Лига. Ќе се обидеме да ги освоиме сите титули, – порача за крај Аргентинецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг