Дритон Вејсели - Талат: „Не знаем, не су одавде”

Точка

01/03/2019

21:48

10.140

Големина на фонт

а а а

По веста дека ќе се снима нова сезона на „Преспав“, сигурно голем дел од вас со нетрпение очекувате повторно да се смеете и дружите преку ТВ екраните со актерската екипа на оваа серија. Несомнено еден од омилените ликови е Талат, кој успеа да ги освои симпатиите и на организаторите на „Златна Бубамара“, кои годинава го наградија за млад телевизиски актер.

Но, Дритон Вејсели не е само актер во театар Комедија. Почнал со сликарството, ги обожува филмот и музиката или сите аспекти на уметноста. За читатели на Точка, открива што го прави среќен, која му е омилена реплика, со кој се дружи најмногу од „Преспав“, интересна случка за време на снимањето...

Која ти е омилена реплика од „Преспав“?

- Омилена реплика од Преспав ми е класичната ,,Не знаем, не су одавде”


Со кој се дружиш најмногу позади камерите?

- Буквално со цела екипа,се зближивме за време на снимање и на сет сите сме другари и си се дружиме.

Интересна случка за време на снимањето?

- Интересни случки имаше секој снимачки ден, но најинтересно беше кога епизодна улога играше питонот.


Зошто беше предизвик „Преспав“?

- „Преспав“ е предизвик заради многу причини, првата е тоа што „Преспав“ е првиот македонски ситком серијал, втората за мене беше предизвик, бидејќи првпат се среќавам со ваков формат со прва посериозна улога.

Кој е Талат во приватниот живот?

- Во приватниот живот сум едноставен човек на кој не му треба многу за да биде среќен. Мали нешта ме прават среќен.


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг