Почитувачите на виенската култура и традиција јубилејно по 20-ти пат ќе имаат можност да танцуваат на музиката Штраус облечени во свечени тоалети, костуми, униформи, фракови и да ги вкусат захер тортата и виенската шницла вечерва во хотелот Александар Палас како дел од Виенскиот бал.
Годинава дел од средствата од продадените билети и средствата од доброволната лотарија се наменети за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“. По тој повод разговараме со Вера Мештеровиќ по подолга пауза се враќа активно во јавниот живот, а вечерва е домаќинка на балот.
- Имам одамна едно искуство на ТВ снимено едно интеревју со фризер. Инаку да водам манифестација како оваа не. Прво искуство ми е.
- Сум била на други балови вон нашата држава, на Винескиот бал во Скопје сум за првпат.
- И овојпат свеченото отворање на Виенскиот бал во Скопје го започнуваме според традицијата на Виенските балови, со звуците на Штраусовата Полонеза. Ќе ги видиме танчерите на танцовиот клуб Прима Данца и членовите на Јохан Штраус оркестарот под диригентство на Бисера Чадловска. Ќе настапат о Џез Биг Бендот на здружението на џез музичари и слободни уметници: Арт Бенд, Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ Дексо, Лина Авшар. Солистите на Балетот при Макеодснката опера и балет Саша Ефтимова и Ендру Кук, како ексклузивните гости танчери од танцовата школа Елмајер од Австрија. Ќе се танцува на валцери, но и на светаки евергрини и на макеодснки хит рефрени!
- Ќе носам фустан на Златко Јовановски.
- И оваа година Виенскиот бал е во служба на хуманоста. Годинава дел од срествата од продадените билети и сретсвата од доброволната лотарија се наменети за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“.
- Не сум по благите работи.
- Бев посветена на мајчинството, секој период во животот си има свои приоритети. Децата беа мали и повеќе бев посветена на нив, сега веќе се подпораснати па се вратив и на работните обврски.
- Режисерот Дарио Јанковиќ кој го изработи спотот на Владо Јаневски го запознав при наша соработка за друго видео , па така се јави и ми предложи да бидам во новиот спот. Идејата ми се допадна и го снимив спотот .
(А.В.)