Гангстер, алкохоличар и арогантен тип: Голманот на Јувентус жестоко ги нападнал поранешните соиграчи од Арсенал

Точка

21/03/2019

21:11

4.586

Големина на фонт

а а а

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни, зборувал за периодот кој го минал во Арсенал.

Шест години Шчесни минал во лондонскиот клуб, ја делел соблекувалната со голем број на големи ѕвезди од светскиот фудбал, а кога опишувал тројца соиграчи, не се трудел да одбира зборови, туку жестоко ги нападнал. 

Станува збор за Самир Насри, Александар Хлеб и Робин Ван Перси.

"Робин никогаш не ми лежеше. Ни најмалку. Холанѓанецот е екстремно арогантен тип. Одличен играч, но...Слично како и Самир Насри. Тој Французин знае да игра, но секогаш мислев дека е некој вид на гангстер", рекол голманот на Јуве.

Шчесни не ја штедел ни поранешната ѕвезда на Арсенал и Барселона, Александар Хлеб.

"Страшен играч. Во времето кога бевме заедно во Арсенал беше млад, околу 26 години и имаше одлична иднина. Сепак, тој човек многу сака да пие и затоа не направи подобра кариера. Едноставно премногу го сакаше шишето", открива Полјакот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг