BeInvisible - светскиот ортодонтски хит достапен и кај нас

Точка

05/04/2019

10:30

10.239

Големина на фонт

а а а

Никој околу вас нема да забележи дека во моментот минувате низ ортодонтски третман, благодарение на невидливите алајнери и на д-р Илбер Балажи. Нема жици, нема затегања, а преку компјутерската симулација резултатот однапред е познат. И што е најважно, нема ограничувања ниту во исхраната ниту во која било секојдневна активност

Можете да облечете најубава и најскапа облека, но насмевката на лицето е она што вистински прави една личност да блеска. Статистички е потврдено дека насмеаните луѓе изгледаат помлади и попривлечни. На насмевка луѓето вообичаено одговараат со насмевка.

Но доколку не сте задоволни со својата насмевка, проблемот може да биде сериозен. Честопати и поради сосема мали искривувања на забите луѓето знаат да ја кријат својата насмевка, па дури и сосема да престанат да се смејат. Носењето на класични протези, кои би го отстраниле проблемот, за многумина може да биде комплицирано. Од една страна, класичните протези се доста упадливи, влијаат врз комплетната појава на личноста што ги носи. Од друга страна, пак, луѓето честопати не се решаваат да ги коригираат неправилностите на забите, бидејќи не се подготвени да носат фиксни протези повеќе од една година, им пречат жиците и нивното редовно затегање кај стоматологот. Мачно им е одржувањето на хигиената и на забите и на протезите и свесни се дека ќе треба да се откажат од омилените гастрономски задоволства.


За среќа, современата ортодонција ги надминала сите овие проблеми. Невидливите алајнери се светскиот хит во ортодонцијата – никој нема да забележи дека ги носите, нема жици, нема затегања, а резултатот се знае однапред благодарение на компјутерската симулација.

BeInvisible – невидливите алајнери што им ги „кројат“ насмевките на светските ѕвезди сега се достапни и кај нас, благодарение на д-р Илбер Балажи, специјалист по ортодонција, член на елитното здружение на стоматолози „Style italiano“, како и на European Aligner Society, American Academy Clear Aligners и Japan Academy of Aligner. Балажи е лиценциран за овој иновативен метод за целиот регион.

Што всушност претставуваат BeInvisible алајнерите? И по што се разликуваат од класичните протези?

- BeInvisible алајнерите се помагало за исправување на забите и функцијата им е иста како и на постарата генерација фиксни протези. Разликата е што тие се невидливи и целосно незабележливи - никој нема да забележи дека ги носите. Тоа е всушност најголемата желба на секој што требало или што носел фиксни протези. Нема жици, нема затегнувања. Нема нарушување на дневната рутина ниту ограничувања во исхраната. Освен тоа, самиот третман е пократок во споредба со класичните протези.

Како да знаат луѓето што не се задоволни од својата насмевка дека се соодветни за BeInvisible третман?

- Во принцип, сите помали и средни искивувања може да се коригираат со BeInvisible, додека кај некои потешки случаи потребно е да се комбинира методот со класичниот. За да бидете сигурни дека вашиот случај е соодветен за BeInvisible третман, сè што треба да направите е да закажете бесплатен прв преглед. Сите предности на BeInvisible се должат на дигитализацијата на дијагностиката и на најновите протоколи на глобално ниво кои ги применуваме. При поставувањето на дијагнозата користиме дигитален скенер на лицевата површина, дигитален интраорален сканер, 3Д-снимка на забите, дигитални екстра и интраорални фотографии. Со сите овие дигитални помагала добиваме доволно информации за да се направи анализа на специјален 3Д софтвер. Пациентот добива симулација и визуелен приказ на сите движења на забите во текот на целиот третман, како и можност однапред компјутерски да го види резултатот. Така што сите наши пациенти знаат каква насмевка ќе имаат уште пред почетокот на третманот.


Како функционира BeInvisible третманот?

По сите неопходни анализи, единствениот 3Д-софтвер на BeInvisible ни дава можност да му објасниме на пациентот визуелно, преку видеосимулација, каков ќе биде резултатот додека трае третманот и на самиот крај. Значи секој месец се знае компјутерски точно каков би бил резултатот и однапред се точно објаснети сите процедури. Откако ќе се направи анализата, се изработуваат алајнерите, направени специјално за конкретниот пациент. Тој ги добива сите алајнери одеднаш и прецизен план според кој знае кога да го употреби кој пар. Нема можност за непрецизност или за грешка. За резултатот да биде видлив уште во првиот месец, пациентот мора да ги носи алајнерите 22 часа во текот на денот. Голема предност е што може да јаде и да пие што сака и кога сака, без ограничување. Едноставно ги вади алајнерите пред јадење и потоа повторно ги става. За време на оброкот, алајнерите може да ги чува во малата кутија за оваа намена што ја добива заедно со сетот алајнери. Кутивчето е практично за носење каде и да се движите во текот на денот, па оптоварувањето поради третманот е невидлив како и протезите.

Колку трае секоја фаза и целиот процес?

- Траењето на BeInvisible третманот е индивидуално кај секој пациент и зависи од тежината на случајот. Независно, овој третман е далеку пократок и побрз отколку третман со класични протези, благодарение на дигиталното дијагностицирање и на самата природа на алајнерите. На пример, доколку со класични протези се потребни 16 месеци за да се постигнат резултати, со BeInvisible ќе бидат потребни 6-9 месеци.

Која возраст е соодветна за BeInvisible третманот? Може ли да се применува кај деца?

- Третманот е погоден за сите возрасни пациенти и тука нема никакво ограничување. Што се однесува на тинејџерите, најниска граница е 11 години, пред сè поради тоа што на помала возраст забите уште се формираат. Истражувањата покажале дека вредностите на „болката“ се најниски во споредба со сите други ортодонтски системи. Со други зборови, пациентот добива побрз и подобар резултат, а чувствува само благ притисок на забите.


Протезите генерално се симбол на неудобност, нешто што мора да се истрпи за да се постигне целта – беспрекорни заби и убава насмевка. Спомнавте дека ова не важи за  BeInvisible. Што точно значи третманот во поглед на секојдневната рутина на пациентот?

- Од нашата секојдневна пракса, пациентите што треба да носат фиксна протеза честопати не прифаќаат фиксна ортодонтска терапија од неколку причини – неудобност, болка, менување на социјалниот и секојдневниот живот, помала самодоверба. Со невидливите протези сите овие последици се исклучени. Пациентите не да променат ништо во својата секојдневна рутина, никој околу нив не забележува дека носат алајнери и нема никакви ограничување на исхраната и на пијалаците. Тоа е така затоа што не се фиксни. Седнувате да јадете, ги вадите алајнерите, кога ќе завршите – повторно ги ставате. Единствено е важно да не јадете и пиете со нив, за да не се оштетат. Кога пациетнтот носи BeInvisible, тие воопшто не му пречат, па може да вежба, да спортува, да излегува со пријателите... сè што правел претходно и, секако, да се смее со самодоверба.

Тешко ли е одржувањето на алајнерите?

- Воопшто не е тешко, напротив. Нема заглавување на храна како со фиксните протези. Четкањето е задолжително по секој оброк, што значи треба да се четкаат исто како и забите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг