Зоолошката градина во Скопје се подготвува за пристигнувањето на мајмунот Коко и прославата на 93-тиот роденден. Наскоро ќе добие и нови жители најавува директорот Ѓорѓи Галетановски.
Рекордот на посетеност се руши од ден во ден. 18 000 посетители дневно доаѓаат во ЗОО, а за викенди има и по 10 роденденски прослави. Во просек дневно се трошат околу два тона храна.
Со сите активности и новитети кои ги направивме, како и разубавувањето на Зоолошка градина Скопје, успеавме да ги срушиме сите рекорди на посетеност во историјата на оваа јавна установа. Со бројки кои се движат и над 15 000 посетители за викенд и со рекорд од 18 000 посетители во еден ден, ЗОО Скопје е најпосетена институција во државата. Со доаѓањето на новите животни, очекуваме уште поголема посетеност.
Ги исчистивме езерата кои повеќе од 13 години не беа воопшто чистени. Го уредивме хортикултурно просторот околу нив, а имаме и нови игралишта за деца. Вработените заедно со волонтери пролетва насадија над 500 нови садници- дрвца, цвеќиња и растенија. Поставивме информативни таблички, патокази, асфалтиравме патеки, поставивме над 200 канти за отпадоци и нови клупи, изградивме и два нови тоалети. Хигиената во Зоолошката е подигната на највисоко ниво. Ги правиме последните подготовки за доаѓањето на Коко и пријателите, започнува изградбата на живеалиште за фламинга, а во очекување сме да пристигнат и нови животни- еланд антилопи, зебри, лавици, белоносести коати...
ЕАЗА ( Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми) има строги критериуми кога се животните во прашање. Под нивно менторство постојано работиме на подобрување на условите со реновирање на постојните живеалишта, како и збогатување на реквизитите за анимација и интеракција на животните.
Речиси секој викенд ако е добро времето, имаме настани кои се атрактивни за посетителите- театарски претстави, Дизни и Марвел маскоти, ликови од цртаните филмови, работилници, маскенбал, магионичари, Zoo keepers talk. Наскоро ќе имаме и голем настан за пречекот на Коко и 93-ти роденден на зоолошката.
Тие правила не се нови, отсекогаш постоеле, но за жал ретко биле почитувани. Затоа и поставивме големи табли со кодекс на однесување како и во секоја зоолошка градина во светот. Забрането е хранење на животните и нивно вознемирување и за среќа сега имаме многу помалку инциденти. ЗОО културата мора да биде подигната на највисоко ниво и сите луѓе конечно да научат дека хранењето на животните е строго забрането и дека храната која ја даваат е штетна за нив. Најлоши се смоките, зелката, чипсовите и тоа мора да биде контролирано.
За разлика од минатото, свеста кај посетителите е покачена. Понекогаш има непријатни ситуации со несовесни посетители, но затоа тука е обезбедувањето па на крај се завршува во најдобар ред. Посетителите мора да се придржуваат кон кодексот на однесување, во спротивно имаме право да ги отстраниме од градината.
Зоолошка на лето работи од 8 наутро до 20 часот навечер, а роденденските забави ги имаме и по десет во викенд. Може да се слават во едукативен центар или на летниковец, а цените варираат во зависност од тоа каде сакате да славите и дали сакате едукатор кој ќе направи едукативна прошетка за дечињата. Цените за прослава на роденден се движат од 2500-3000 денари.
За првпат ќе има фламинга во Скопје, пингвини и други егзотични птици. Соработуваме со зоолошки од Балканот, како и зоолошки во Германија, а со влезот во ЕАЗА ќе имаме и многу поголеми соработки со сите градини во Европа.
Бидејќи сме јавна установа, храната се набавува преку јавни набавки, односно има критериум од каде може да ја набавиме. Секое животно јаде првокласна квалитетна храна, исто како што и сите ние се трудиме да купиме здрава храна за нас и дечињата. Доколку некогаш се случи да има и едно скапано овошје или зеленчук, веднаш се враќа и се пријавува. Секое од животните си има своја табличка на исхрана, со нутритивни вредности и се хранат според одредена грамажа. Најмногу јадат слоновите и жирафите. Во просек дневно се трошат околу два тона храна- овошје, зеленчук, месо, риби, сено, зоб, пелетирана храна, јаткасти плодови, пченица, пченка, јачмен, бебешка храна... Често добиваме и донации од општестевно одговорни компании кои помагаат на животните.
Ветеринарни прегледи добиваат новороденчињата, а кога Зоо негувател ќе пријави дека некое животно се однесува чудно, веднаш се прегледува и се одредува терапија за лекување. Има и обиколки на неделно ниво, а соработуваме и со Ветеринарниот институт.
(А.В)