Тамара е голема евровизиска ѕвезда во Тел Авив со оглед интересот кој го предизвикува кај новинарите. Дневно има по десетици покани за интервју, па не е во можност да ги прифати сите –раскажува за Точка Коста Петров, кој е првпат дел од евровизискиот тим. Позади целиот производ кој ќе го претставува „Proud” стои тим кои оправдано е со очекување за влез во финале.
- Салата е навистина импозантна. Евровизија ќе се одржи во Експо центарот во Тел Авив. Можеби публиката ќе биде помала оваа година бидејќи има простор само за 6000 гледачи но сцената изгледа навистина одлично.
- Организацијата е на професионално ниво. Секоја делегација има два водачи и тие се грижат секогаш се да оди во најдобар ред. Израелците се покажаа како вистински домаќини.
- Во хотелот каде што престојуваме се и делегациите на Малта, Холандија, Албанија и Исланд и најчесто сме со нив.
- Ќе погледнете на 16-ти.
- Тамара е навистина голема евровизиски ѕвезда. Секојдневно имаме дестици покани за интервјуа и за жал не сме во можност сите да ги прифатиме поради пробите.
- Тамара неколку минути пред настап оди во таканаречена тивка соба каде што се опушта и вокално се спрема за настапот.
- Најпрвин да влеземе во финале па, после се друго.
- Времето најчесто го поминуваме во проби и подготовки со нашиот тим. Максимално сме посветени на нашиот настап на 16-ти и во моментов тоа е нашиот главен фокус.
(А.В.)