Науката вели дека мускулите растат (и) од пари: Еве како

Супермен

15/05/2019

14:10

773

Големина на фонт

а а а

Останете во контакт со парите за да бидете наградени со присуство на моќниот сојузник - тестостерон.

Покрај целата литература, членарини во клубовите, здрави намирници и суплементи, фитнесот може да биде многу скапа играчка. Но, ако вашата цел се мускулите, современата наука открива мерливи придобивки од вадење пари од вашиот паричник. Истражувањето кое е објавено под наслов „Личност и индивидуални разлики“, открило дека кај мажите кои држеле големи паричници во своите раце, за разлика од оние кои држеле обична хартија, тестостеронот сериозно се покачил. 


Тестостеронот игра клучна улога во ослободување на хормонот на раст и синтеза на протеини во мускулите, процеси во кои аминокиселините се користат за обнова на мускулните влакна после вежбањето. Едноставно кажано, колку повеќе е достапно во телото, толку полесно ќе ја стекнете и одржувате мускулната маса.


Природниот бран на хормони ќе ве потопи еден час по завршување на тренингот со тегови, но употребете го својот „финансиски мускул“ и на протеинскиот шејк додадете му контакт со „ладен, тврд кеш“, па така повеќе ќе напредувате, без потреба за дополнителни повторувања. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk