Фановите на “Game of Thrones” шокирани: Токму овој детаљ ја открива судбината на Арја Старк, следува расплет кој никој не го очекува

Точка

18/05/2019

12:29

3.063

Големина на фонт

а а а

Последната сцена во петтата епизода од осмата сезона на “Game of Thrones” донесе интересен ребус за фановите. Сите се прашуваат како само Арја Старк го преживеа уништувањето на Кингс Лендинг и што претставува белиот коњ кој со неа ги напушта рушевините на градот.

Постои една теорија која започна да се шири по последната епизода од серијата, а тоа е дека Арја е всушност мртва и не ја преживеала битката. Коњот го симболизира животот, а белиот коњ повторното раѓање. Можно е Арја да јава на коњот од светот на живите во светот на мртвите. Во трејлерот за следната епизода од сезоната, гледаме дека Арја се појавува помеѓу војниците, но во прилог на оваа теорија зборува и тоа што таа не комуницира со никој, па можно е тоа да е само нејзиниот дух. 

Заминувањето на Старк на бел коњ може да претставува и напуштање на желбата за освета, бидејќи претходно се заколна дека ќе го убие секој кој е одговорен за погубување на нејзиниот татко.

На социјалните мрежи се појави теорија и дека Брен го испратил коњот по Арја бидејќи тој како господар на светлината може да го манипулира минатото и со тоа да ја менува иднината.


Но, дел од фановите сметаат дека сцената премногу се анализира – можеби коњот едноставно послужил за снимање на сцена која изгледа убаво и уметнички и ништо повеќе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг