Новинари роботи смислуваат сè подобри наслови

Точка

18/05/2019

16:54

788

Големина на фонт

а а а

Многу сложениот процес на пишување на наслови за статии на вештачката интелигенција претставува се помал проблем.

Американската компанија "Primer" веќе долго време развива вештачка интелигенција која пишаниот формат може да го обликува како вистински новинар. Овој сложен процес од неодамна вклучува и смислување на прикладни наслови напишани според содржината на самата статија и како што стојат работите - насловите се се подобри. 

Потсетуваме, вештачката интелигенција до денес ја совладала задачата за собирање на податоци и пишување на кратки извештаи, но никогаш не ја достигнала креативноста која ја имаат новинарите. Како и да е, сите наслови кои компјутерите ги напишале биле погрешни или не биле доволно привлечни за читателите да ги прочитаат.

Новиот алат на "Primer" може сам да смислува наслови кои изгледаат како да ги напишал човек. Не станува збор за совршени наслови, но звучат многу подобро отколку досега.

"Primer" може да создаде наслови кои се многу добри, но и натаму не ја достигнуваат експертизата на искусните уредници и автори.

Тоа што е важно е дека, во друга рака, вештачката интелигенција одговорна за наслови станува се подобра и подобра, што значи дека наскоро ќе наидеме на статии кои се многу слични на оние кои ги напишал вистински новинар.

Што значи тоа за професијата?

Гледано од перспектива на англиското говорно подрачје, вештачката интелигенција за неколку години би можела да врши многу добра работа во создавање на кратки статии и извештаи, но проблемот настанува кај локализацијата, која поради големите разлики во говорот и граматиката е многу потешка за совладување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг