Најголемата „мртва зона“ се шири несопирливо низ целиот Мексикански залив: За сѐ е виновен човекот!

Точка

11/06/2019

15:46

3.731

Големина на фонт

а а а

Според експертите, во Мексиканскиот залив ова лето би можело да настане една од најголемите „мртви зони“ забележани во поновата историја.

„Мртвата зона“ е позната во научната литература како хипоксија, што значи состојба на намалена количина на кислород. Водата која има ниска концентрација на кислород повеќе не може да биде погодна за живот.

Со децении истражувачите следат колку е голема „мртвата зона“ во Мексиканскиот залив, а првите вакви појави се забележани во 70-тите години од минатиот век и оттогаш само се зголемуваат.


Научниците од државниот Универзитет во Луизијана предвидуваат дека ова лето ќе се формира мртва зона со големина од околу 22,576 квадратни километри и тоа на места кои најчесто ги посетуваат рибарските бродови. Инаку, најголемата „мртва зона“ досега била забележана во 2017-та година и била со големина од 22,730 квадратни километри.

Главната причина за создавањето на ваквите зони кои се непогодни за живот за морскиот свет се големите количини на азот од реката Мисисипи. Големите количини на азот завршуваат во реката, а потоа и во Мексиканскиот залив поради ѓубривото од фармите кое се користи во неколку американски сојузни држави.


Загадувањето го поттикнува масовниот развој на фитопланктонот кој после смртта се разградува на морското дно и го стимулира развојот на бактериите. Тие ги конзумираат алгите и голема количина на кислород и на тој начин ги убиваат организмите кои што живеат на дното на морето.

Мисисипи сега има три пати поголема количина на азот, а фосфорот исто така двојно се зголемил поради човечките активности. Американската агенција за заштита на животната средина има и работна група која работи на ова прашање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг