Меган Маркл пред плачење? – Погледнете ѝ го изразот на лицето после зборовите на Хари

Точка

14/06/2019

21:04

14.294

Големина на фонт

а а а

Експертка за читање од усни, тврди дека принцот Хари ѝ рекол на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, да се заврти напред, за време на традиционалната парада „Trooping the Colour“.

Фановите на кралското семејство кои ги прегледуваат фотографиите и снимките од настанот, веруваат дека Хари делувал малку нервозно кога неговата сопруга се завртела кон него за време на настанот.

Меган на балконот стоела пред Хари и по некое време се завртела кон него. „Заврти се... Гледај“, била неговата реакција, тврди експертка за читање од усни, за Дејли Меил.

Во тој момент почнала да свири химната – кога се очекува од сите членови на Кралското семејство да гледаат напред. Снимката предизвикала бројни реакции на социјалните мрежи, а корисниците не можат да се договорат што мислат.

Некои велат дека Хари можеби „им давал наредби на некои од децата од кралското семејство, за да ги поттикне да ја слушаат химната.“ Фановите на Меган Маркл пак, изразиле разочарување и забележале дека изгледа тажно. „Изгледа како да ќе заплаче“, „Очите ѝ се тажни“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг