Лампард со себе на „Стемфорд Бриџ“ носи две легенди на Челси

Дерби

15/06/2019

13:38

830

Големина на фонт

а а а

Веќе е јасно, денови го делат Френк Лампард од промоција како нов предводник на тимот на Челси за следната сезона.

Откако се финализираа сите детали околу заминувањето на Маурисио Сари во Јувентус, сега од раководството на клубот работат на ангажман на легендарниот Лампард кој зад себе остава одлична, прва, менаџерска сезона во таборот на Дерби.

Петр Чех ќе биде првата легенда на клубот која ќе се врати назад и ќе добие техничка позиција веднаш штом неговиот договор со Арсенал истече на 30 јуни. Лампард сака во тимот да ги врати и легендарните Дидие Дрогба и Клод Макелеле кои би му помагале околу склопувањето на составите.

Пред неколку дена Лампард беше фотографиран со Дрогба во Лондон, а Клод Макелеле пак си замина од тренерската позиција во тимот на Еупен, две работи кои дополнително ги подгреваат шпекулациите за нивно враќање на „Стемфорд Бриџ“.

Френк Лампард во Челси ќе ги донесе и неговите помошници од Дерби, Џоди Морис и Крис Џонс, а се верува дека со него ќе дојде и тренерот на голманите, Шеј Гивен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг