Зидан го сака Погба по секоја цена

Макфакс

15/06/2019

15:23

732

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не е заинтересиран за Кристијан Ериксен од Тотенхем, но нема намера да се откаже од можниот трансфер на сонародникот Пол Погба од Манчестер Јунајтед, пишува „Лекип“.

Зидан исклучително ги цени квалитетите на Погба, а според истиот извор фудбалерот сакал да замине од „Олд Трафорд“ и покрај намерите на менаџерот Оле Гунар Солскјер да му ја додели капитенската лента.

Погба (26), летото веројатно ќе ги напушти „црвените ѓаволи“, меѓутоа Реал ќе имаат жестока конкуренција во Јувентус, за да го реализираат неговиот трансфер. Сепак нема да биде изненадување и доколку остане во Јунајтед со оглед на обесштетувањето што го одреди клубот, а која изнесува помеѓу 150 и 170 милиони евра.

Погба минатата сезона забележа 16 гола и 11 асистенции на 47 натпревари што ги одиграл за Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг