Виолинистот Стефан Миленковиќ достојно ја заокружи љубилејната сезона на најгледаното ток-шоу во Македонија

Точка

17/06/2019

11:46

389

Големина на фонт

а а а

Од настапите пред најголемите светски лидери, преку вежбањето кунг-фу, медитацијата, возењето на брзинец низ американските отворени патишта, до 600 скокови со падобран и покрај стравот од височина - виолинистот Стефан Миленковиќ достојно ја заокружи љубилејната сезона на најгледаното ток-шоу во Македонија.

За оние кои ја пропуштија, епизодата веќе е на „Јутјуб“: 

Со неверојатните искуства и приказни на човекот што и денес го нарекуваат „чудо дете“, вчера и официјално беше затворена сезоната 10 на „Еден на Еден“.  

Сезона 10 ја оставаме зад нас со 35 емисии и повеќе од 50 гости, многу муабети, музика, смеење. Дел од одличните гости во студиот на Жарко Димитриоски беа (тогаш) кандидатите за претседател на Македонија, Гордана Силјановска - Давкова и Стево Пендаровски, најголемите балкански ѕвезди Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, шампионот Тимур Дибиров. Направени беа и неколку специјални емисии, меѓу кои и онаа посветена на Тоше Проески и онаа за најубавите македонски евергрини. 

До следната сезона наесен, летово на Канал 5 ќе може да ги гледате емисиите што се паметат од сите изминати сезони на „Еден на Еден“. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг