[ВИДЕО] Снуп Дог настапил на „ерменската свадба на векот“: Снимките станаа вирални

Точка

17/09/2026

18:54

472

Големина на фонт

а а а

Снимките од настапот на Снуп Дог на една ерменска свадба во Калифорнија привлекоа големо внимание на социјалните мрежи. Славниот 54-годишен рапер бил музичкото изненадување на прославата на Вахе Тчагласијан и неговата сопруга Кристина, а пред собраните гости одржал приватен настап.

Според објавите од прославата, парот се венчал на 13 септември, а свадбената прослава се одржала на подрачјето на Беверли Хилс. Гостите во текот на вечерта го снимале настапот на Снуп, па на социјалните мрежи набргу се појавиле повеќе видеа од свадбата.


Запеал пред младенците и гостите

Снуп за присутните извел некои од песните по кои е најпознат. На репертоарот се нашла „Nuthin‘ but a ’G‘ Thang“, која ја снимил со Д-р Дре, како и „Young, Wild & Free“, неговата соработка со Виз Калифа.


На снимките се гледа како младенците и нивните гости го следат настапот пред сцената, додека на Снуп зад диџејскиот пулт друштво му правел Семи Флеш.

Диџејот се пофалил со настапот

По свадбата, диџејот се пофалил со заедничкиот настап и објавил неколку снимки од вечерта.

„Само почит кон живата легенда. Чест ми е што повторно ја делевме сцената“, напишал тој, нарекувајќи ја прославата „ерменска свадба на векот“.

По настапот, Снуп се дружел и со младенците. На една од снимките може да се види како ги прегрнува и им честита, со што го завршил своето гостување на прославата.

Приватните настапи на светските ѕвезди на свадби повремено привлекуваат големо внимание на јавноста, особено кога снимките ќе завршат на социјалните мрежи. Меѓу изведувачите кои претходно настапувале на вакви прослави се Џастин Бибер, Ријана и Бијонсе.