Лена Хеди признала: Сакав подобра смрт за Серсеи

Точка

17/06/2019

17:13

3.719

Големина на фонт

а а а

Лена Хеди, која во серијата "Game of Thrones" ја играла Серсеи Ланистер, рекла дека била изненадена кога дознала како нејзиниот лик, во една од најпознатите саги на епската фантастика, ќе умре.

Таа во интервју за "Guardian" зборувала за времето кое го минала снимајќи ја серијата, а со читателите споделила што мисли за начинот на кој Серсеи умрела. 

На прашањето што би им рекла на творците на серијата Дејвид Бениоф и Д.Б Вајс ако седне со нив на пијалак, таа одговорила:

"Би им рекла дека сакав подобра смрт".

Многу фанови на серијата биле разочарани со целата последна сезона, но и последната епизода во која умираат Серсеи и Џејми Ланистер.

Близнаците, но и љубовници, починале во крипта во Кингс Лендинг, така што на нив паднала кулата која ја уништил змејот на Денерис.

Лина рекла дека размислувала за тоа како ќе заврши нејзиниот лик и на начинот на кој ќе напушти популарната серија, но дека не ни сонувала дека ќе заврши како што завршила. Меѓутоа, наведува дека е свесна за тоа, каков и да бил крајот, немало сите фанови да бидат задоволни.

"Секако беше неверојатно искуство снимањето на оваа серија. Проектите се завршуваат и продолжувате напред", додала таа.

Неодамна Николај Костер Валдау, кој го глуми Џејми Ланистер, ја "бранел" нивната последна сцена.

"Целиот свет се руши околу нив. Тоа е толку поетично", објаснил тој.

Истакнал и дека сите биле многу емотивни кога се снимал крајот.

"Иако луѓето ја сакаа нејзината смрт, на многумина им останала кнедла во грлото кога виделе како Серсеи и Џејми умираат", заклучил Валдау.



Спонзорирани линкови

Маркетинг