Ќе ве воодушеви: Ова е Seat Tarraco во изведба на ABT

Точка

12/07/2019

15:58

1.636

Големина на фонт

а а а

Германската тјунинг компанија одлучи да го „среди“ големиот SUV на шпански Seat, моделот Tarraco.

Благодарение на ABT, овој SUV доби повеќе коњски сили – од 190 „скокна“ на 220 коњски сили, додека исто така максималниот обртен момент беше зголемен од 400 на 440 Nm.

ABT за 1,8 тони тешкиот џип на Seat ќе нуди и четири различни типови на алуминиумски фелни. На фотографиите се прикажани 21-инчните ABT DR фелни, а кога станува збор за надворешноста, исто така се направени промени кои го нагласуваат спортскиот карактер на тјунираниот Tarraco.




Спонзорирани линкови

Маркетинг