Поранешен напаѓач на Ливерпул типуваше кои екипи ќе завршат во Топ 4 во Премиер лигата

Дерби

12/07/2019

17:49

1.189

Големина на фонт

а а а

Иако се уште е во тек летниот преоден рок и се уште има време за стартот на новата сезона во Премиер лигата, поранешниот репрезентативец на Велс и некогашен член на Ливерпул и Астон Вила, Дин Сондерс даде свој тип за тоа кои тимови ќе завршат во Топ 4 во натпреварувачката 2019/2020.

Велшанецот не очекува многу промени во однос на претходните сезони, но најде место за едно „изненадување“, односно смета дека Арсенал по неколку години ќе биде меѓу најдобрите и ќе се избори за пласман во ЛШ.

-Ако сега ме прашуваш, а тоа може да се промени со тоа кого ќе потпишат и кој ќе си замине. Би рекол Манчестер Сити, Ливерпул и Тотехем-тоа се моите топ 3. Мислам дека Арсенал ќе заврши на четвртото место. Мислам дека Челси е малку во хаос, Манчестер Јунајтед пак е во голем хаос, -рече Сондерс за „токспорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг