Износ од 5 милијарди долари: Фејсбук добива жестока казна затоа што не ја штити приватноста на своите корисници

Точка

13/07/2019

12:25

1.150

Големина на фонт

а а а

Истрагата за Фејсбук беше отворена минатата година откако беше откриено дека британски „Кембриџ Аналитика“ имале пристап до податоците на 87 милиони корисници на најголемата социјална мрежа на светот.

Американските регулатори ќе го казнат Фејсбук со вртоглави 5 милијарди долари откако истрагата покажа дека социјалната мрежа не ја заштитила приватноста на своите корисници, објави “The Wall Street Journal”.

Членовите на Федералната трговска комисија гласаа со 3 наспроти 2 во корист на таа мерка која би била вклучена во еден судски договор со Фејсбук. Во извештајот на споменатиот медиум, не е наведено колку долго ќе треба да помине за договорот да се финализира и спроведе.


Истрагата за Фејсбук беше отворена минатата година откако беше откриено дека „Кембриџ Аналитика“, британската консултантска компанија ги користела приватните податоци на милиони корисници во политички цели, односно во камањата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016-та година во САД.

Од Федералната трговска комисија на САД и Фејсбук одбија да го коментираат ова, но од социјалната мрежа во редовниот квартален финансиски извештај објавија дека поради аферата очекуваат загуба од 5 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг