Американски Си-ен-ен за Новак: „Никогаш нема да биде популарен како Федерер и Надал, но...“

Точка

15/07/2019

21:32

7.418

Големина на фонт

а а а

Американскиот Си-ен-ен детално ја анализираше победата на Ноле над Федерер за трофејот на Вимблдон и во извештајот напиша дека српскиот ас можеби нема да биде популарен и сакан кај фановите како Швајцарецот и Рафаел Надал, но тој редовно ги победува нив на најважните турнири.

Во финалето во Лондон, опишано како историско и многу возбудливо поради неговото времетраење од речиси 5 часа, Си-ен-ен во прв план ја стави и прославата на титулата на Ноле, сега веќе традиционална, “јадење на тревата“.

„Ѓоковиќ спаси две меч топки и го победи секогаш популарниот Швајцарец во најдолгото финале во историјата на Вимблдон“ - се наоѓа на почетокот на текстот.


Важен простор доби и фактот дека светскиот број еден тенисер на светот дојде до бројка од 16 грем слема и се приближил до рекордот на Федерер од 20, додека пак Надал има 18, а од Си-ен-ен го гледаат Ѓоковиќ како прв фаворит на УС Опен.

„Следната година можно е да дојде до промена, особено доколку Ѓоковиќ го освои УС Опен, каде што, како што стојат работите, ќе биде фаворит“ - пишува во текстот, со потсетување дека Ѓоковиќ има 32 години и пет години помалку од Федерер.


Се истакнува податокот и дека Ѓоковиќ последен пат е поразен од Федерер на Грен слем дури пред седум години, во полуфиналето на Вимблдон, а од Надал во 2013-та година, доколку се изостави Ролан Гарос на кој Шпанецот е доминантен.

„Можеби не е популарен како Федерер и Надал и не добива толку многу љубов од навивачите, што го иритира Ѓоковиќ, но редовно ги победува на турнирите“ - заклучиле од Си-ен-ен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг