Французите потврдија промена во националниот тим и проблем за Реал Мадрид

Дерби

24/09/2026

11:32

231

Големина на фонт

а а а

Француската фудбалска федерација објави дека селекторот Зинедин Зидан повикал замена за повреден играч, а информацијата донесе загриженост во редовите на Реал Мадрид.

Се работи за дефанзивецот , кој се пожалил на болка во коленото за време на вчерашниот тренинг и веднаш направил детални прегледи кои потврдиле проблем.

Нејасно е колку време ќе треба да паузира Конате и дали ќе може да одговори на клупските обврски по паузата предвидена за настап на репрезентациите, а неговото место во националниот тим ќе го заземе Лени Јоро од Манчестер Јунајтед.

Конате досега беше важна алка во тимот на Жозе Мурињо, беше стартер на сите натпревари во Ла Лига, со исклучок на тој со Малага, а настапи и на дуелот со Интер во Лигата на шампионите.

Реал следниот натпревар ќе го игра против Вилјареал на 10. октомври.