Зошто некои луѓе имаат фетиш на стапала?: Одговорот можеби се крие во најбаналната сцена од детството

Точка

15/07/2019

17:28

1.399

Големина на фонт

а а а

Додека мажите се делат на оние кои сакаат задник или гради ја имаме и третата група, љубители на стапала. Додека на многумина од нас стапалата им служат за одење за некои од нив тие се најубавиот дел од телото.

Според истражувањата најчестиот фетиш на светот се токму женските стапала.

Во што е тајната на фетишот на стапала?

Иако жените повремено имаат фетиш на машките стапала сепак ова е карактеристично за мажите.

„Фетиш на стапалата кој се нарекува и подофилија е зголемен сексуален интерес за стапалата. Тоа е најчестиот облик на сексуален фетишизам за несексуални објекти или делови од телото“ - изјавува експертот за секс Колен Сингер.


Неврологот Вилајнер смета дека стапалата и гениталиите заземаат слични области во кортексот на мозокот, а со тоа се објаснува зошто некои луѓе стануваат сексуално стимулирани штом помислат на стапала.

Од друга страна пак, социологот Десмонд Морис вели дека фетишизмот за стапала настанува по некое трауматично случување во раната возраст кое ги вклучува стапалата.

Сигмунд Фројд сметал дека фетишот на стапалата е заснован на фактот дека стапалата личат на пениси.

Како започнува овој фетиш?

Многу возрасни луѓе со фетиш на стапалата веројатно носат со себе некој спомен од детството, како што е гулицкање. Други велат дека нозете баш како и гениталиите и градите можат да бидат привлечни само затоа што секогаш се кријат и ретко кога ги покажуваме на отворено.


„Еден ден едноставно посакав да “цицам“ нечие стапало. Во училиште забележав дека мојата девојка има убави стапала. Сега дојде до тоа што не би можел да се забавувам со девојка која нема убави стапала . Мене овој фетиш ми е составен дел од предиграта и тоа ме носи директно до вистинската акција. Стапалата мора да бидат чисти“ - изјавил некој испитаник.


„Можам да имам секс со некој со кој не сум во врска, но се чувсвувам непријатно доколку тој некој посака да ми ги измасира стапалата, а не сме премногу блиски“ - изјавил друг испитаник.

„Замислете си жените цело лето да одат целосно голи и без маички. Е такво е чувството кај нас кои имаме фетиш на стапала“ - изјавил трет испитаник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг