Според традицијата до која Англичаните особено се држат, направена е свечена вечера во чест на победниците на Вимлдон Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп.
И додека на Србинот оваа церемонија му е како “добар ден“ затоа што по петти пат триумфира на Вимблдон, на Романката не ѝ беше сеедно затоа што за првпат во нејзината кариера освојува грен слем.
Тие, двајцата така убаво облечени се нашле на сцената, секој со својот трофеј и позирале пред објективите на фотоапаратите и камерите.
Ѓоковиќ не ја пропуштил можноста да ја пофали својата колешка која до нејзината титула дошла преку убедлива победа над Серена Вилијамс.
„Симона има борбен дух и искуство, и прекрасно е да ги знаете малите земји како што се Романија и Србија кои се и соседни држави и кои имаат успех на голема сцена“ - изјавил Ноле, а на неговата изјава се надоврзал и водителот:
„Би кажал дека тие доминираат“.