Вечерва делумно помрачување на Месечината: Ќе започне во 22 часот и 1 минута и ќе може да се види со голо око

Точка

16/07/2019

13:13

843

Големина на фонт

а а а

Целиот тек на помрачувањето на Месечината ќе може да се набљудува од Источна Европа, Блискиот Исток, поголемиот дел од Африка, западна Индија и Антарктикот.

Во ноќта помеѓу вторник и среда, 16-ти и 17-ти јули ќе може да се забележи делумното помрачување на Месечината.

Помрачувањето ќе започне вечерва во 22 часот и една минута, а Месечината ќе биде најмногу покриена со сенката на планетата Земја и тоа со 65 отсто во пречник во 23 часот и 31 минута, а од неа ќе излезе во среда во еден часот по полноќ.

Помрачувањето настанува кога природниот сателит ќе влезе во сенка на Земјата и кога Земјата се наоѓа точно помеѓу Месечината и Сонцето.


Помрачување на Месечината е поредок феномен од помрачување на Сонцето, но поради големината на сенката на Земјата секогаш може да се видат речиси на целата полутопка каде што е ноќ.

Помрачувањето на Месечината е безопасно и може да се набљудува со голо око, двоглед или помал телескоп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг