Каков луксуз! Ѕирнете во вилата на Џон Бон Џови, која е уредена како француски дворец

Точка

18/07/2019

21:14

2.580

Големина на фонт

а а а

Токму како актерските ѕвезди, и рок-ѕвездите живеат во големи, раскошни куќи во кои човек лесно може да се загуби. Славниот рокер, Џон Бон Џови, својата вила во родниот Њу Џерси ја уредил во стил на раскошен француски дворец.

Имотот е познат под името „High Point Estate“, го проектирал архитектот Роберт А. М. Стерн, а уредувањето е завршено во 1999-та година. Внатрешноста на куќата била насликана од познатиот уметник Пјер Финкелштајн. Џон Бон Џови сега одлучил да ја продаде својата вила, но цената не е наведена.


Главната куќа се протега на импресивни 1600 квадратни метри и има двоен широк влез, со огради од тули, француски балкони, високи и широки прозорци со сводови, високи оџаци и бакарни олуци. Куќата располага со шест спални, кои се на вториот кат и се поделени во две крила: во главното крило има четири соби, секоја со сопствено купатило, додека во страничното крило гостите и членовите на персоналот располагаат со две спални, бања и кујна.


Во дневната соба, долга 15 метри и височина од 3 метри, постои, меѓу другото, огромен резбан мермерски камин. Во куќата се наоѓа и паботот "Шоу Ин", во кој има дневна соба, маса за билијард и бар увезен од Франција. Другите луксузни удобности вклучуваат лифт, кино, салата, библиотека и загреан базен.

На едната страна од вилата се гледа реката Навесинк, додека од другата страна на вилата е Атлантскиот океан.





Спонзорирани линкови

Маркетинг