Чилиќ ги посочи најголемите квалитети на Федерер, Ѓоковиќ и Надал и образложи зошто сè уште се недопирливи

Дерби

23/07/2019

11:45

2.896

Големина на фонт

а а а

Марин Чилиќ пред стартот на Вимблдон исткана дека за него главен фаворит за титулата е Рафаел Надал, а иако Шпанецот играше спектакуларно до полуфиналето, сепак немаше против одговор за играта на Рожер Федерер кој славеше во три сета.

„Големата тројка“ повторно го имаше главниот на уште еден грен слем турнир и истиот го освои Новак Ѓоковиќ откако славеше со 3:2 против Федерер во епското финале на централниот терен во Ол Ингланд клубот, а откако во изминативе неколку дена се изнаслушавме секакви анализи од поранешни тенисери, денеска ни пристигна и една искрена анализа од Чилиќ.

Хрватот добро знае како е да се игра во ерата на тројцата неверојатни тенисери, па во последното обраќање, се обиде да го издвои најголемиот квалитет на секој од тројцата.

– Сите тројца се големи индивидуалци, секој си има свој посебен квалитет. Рожер има неверојатна брзина, Новак е како ѕид. Ѓоковиќ е како ѕид кој не може да го пробиете, невозможно е да пронајдете дупка во неговата игра. За разлика од нив, Рафа е неверојатно посветен во секој сегмент од тенисот, тој знае да изгради и реализира поен до совршенство. Секој од нив тројца е единствен на свој начин и поради тоа се недопирливи. На некој начин сум среќен што играм во нивната ера. Тие на тераат да бидеме подобри, да напредудваме, да ги решавме проблемите кои се пред нас. На крајот, на секој тенисер конечна цел му е да биде најдобра своја верзија, – порачува Чилиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг