Мократа Ирина во минијатурно бикини е можеби најжешкото нешто што ќе го видите ова лето

Точка

08/08/2019

20:11

11.331

Големина на фонт

а а а

Топ моделот Ирина Шајк ужива на Ибица со својата ќерка Леа де Сејн и пријателите, а оваа руска убавица конечно има широка насмевка на своето лице.

Имено, зад Ирина се тешки месеци по разделбата со Бредли Купер, а последната позната информација која се однесува на познатиот пар е дека тие се договориле околу старателството над детето. 

И додека Бредли кон почетокот на овој месец бил фотографиран на Сицилија, во склоп на една акција во која учествувале и Опра Винфри, Кети Пери, Орландо Блум, Леонардо ди Каприо и многу други, Ирина ужива на Ибица.


Една од најубавите жени на светот била фотографирана како се релаксира на плажа, во прошетка со својата ќерка, како и за време на вечерните излегувања, а фотографиите од нејзиното совршено тело во бикини се можеби најжешката работа која ќе ја видите ова лето.


Животот на Ирина Шајк не бил воопшто лесен – таа по симпатична игра на судбината станала топ модел. Имено, нејзината мајка ја одвела сестрата на Шајк на една аудиција, а додека Ирина ги чекала, таа била здогледана од луѓето од модната агенција - останатото е историја...




Спонзорирани линкови

Маркетинг