Уругвајскиот интернационалец од редовите на Барселона, Луис Суарез мораше да го напушти теренот на вчерашниот натпревар против Атлетик Билбао поради повреда.
Суарез се повреди и мораше да биде заменет во 37. минута од страна на Рафиња Алкантара. За негова, но и несреќа на Барселона, Уругваецот прими топка и излезе сам пред голманот на Билбао, но бидејќи беше повреден, не можеше да шутира како што сака, па ја погоди само стативата.
Веднаш потоа ја напушти играта, а од Барселона соопштија дека се работи за повреда на листот на десната нога. Напаѓачот денес беше на испитувања, а набрзо треба да оди и на детални испитувања, по што и официјално ќе се знае колку ќе отсуствува.
Првичните прогнози кои ги лиферуваа медиумите во Шпанија се дека Суарез ќе го нема на терените во слените три до четири недели.