Јувентус бара напаѓач, француски репрезентативец можна опција

Дерби

19/08/2019

18:58

1.346

Големина на фонт

а а а

Иако во таборот на Јувентус се уште се Марио Манџукиќ и Гонзало Игуаин, тренерот на овој клуб, Маурисио Сари е во постојана потрага по нов напаѓач.

Откако пропадна можноста да се ангажира Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, сега од Торино се насочија кон одличниот играч на Лион, Муса Дембеле.

Младиот напаѓач на одличен начин ја започна новата сезона во Лига 1 и веќе по првите две кола има постигнато три погодоци за Лион.

Дембеле беше голема желба на Манчестер Јунајтед, меѓутоа трансферот не се реализираше, па тој остана во Франција. Сега, Јувентус може да притисне, па тој сепак да ја промени средината ова лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг