Зеле 40 килограми песок од плажата и сега им се заканува казна од шест години затвор

Точка

19/08/2019

20:00

4.412

Големина на фонт

а а а

Тие изјавиле дека сакале да земат само “сувенир“ и дека не знаеле дека прават кривично дело.

На парот од Франција кој во нивниот автомобил носел 40 килограми песок од Сардинија им се заканува затворска казна од шест години.

Популарниот бел песок од Сардинија се смета за еден од најубавите. Земањето од овој песок од островот е стого забрането. Со години жителите на тој остров се жалеле на крадење на песокот.


Парот ќе биде казнет со затворска казна поради крадење од имот кој е во државна сопственост. Трговијата со песок и школки прогласена е за незаконска од 2017-та година. Оние кои ќе се обидат да тргуваат најчесто ќе платат парична казна која може да достигне и до 3.000 евра.

Полицијата песокот го пронашла во багажникот од автомобилот. Французите песокот го ставиле во 14 пластични шишиња. Биле фатени кога се обидувале да се качат на траект кој од Порто Торес се движел кон францускиот град Тулон.


На посетителите пристапот до популарната розова плажа на островот Будели им е забранет од 1994-та година. Надлежните се загрижени бидејќи секоја година исчезнуваат по неколку тони песок од плажата.

Туристите кои воглавно се Европејци, песокот го ставаат во шишиња, а потоа го продаваат на онлајн аукции.





Спонзорирани линкови

Маркетинг